Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер утринава нешто по 6 часот го погоди дел од Медитеранот околу грчкиот остров Крит. Епицентарот бил на длабочина од 68 километри и оддалечен 53 километри од најголемиот град на островот – Ираклион.
Земјотресот бил почувствуван и во дел од египетски градови, јавуваат странските агенции. Засега нема извештаи за жртви или, пак, за материјална штета.
И во понеделикот имаше земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер, повторно кај Крит.