Зголемен број на лица кои по вторпат се заразуваат со Ковид 19

Институтот за јавно здравје информира дека во текот на мината недела вкупно се пријавени 43 реинфекции на Ковид 19, што е зголемување од 19,4% во однос на претходната недела.

„Заклучно со 26.12.2021 вкупно се регистрирани 1.059 реинфекции (0,5%), од кои две се втори реинфекции. Од реинфекциите, 10 завршиле со смртен исход“ – велат од ИЈЗ.

Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на КОВИД-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, оздравени се 211.021, а 7.917 починале.