Силен земјотрес во Црна Гора и БиХ, почувствуван во Србија и Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу Никшиќ. Тој се почувствувал и во Босна и Херцеговина.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), а пренесе РТЦГ, епицентарот бил регистриран на 31 километар од Никшиќ.

Следуваше уште еден послаб, со јачина од 2,8 степени.

„Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеше да предизвика само помали материјални штети во епицентралното подрачје“, се вели во соопштението на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија. наведува Вијести.

Земјотресот е почувствуван и во Белград, но и во некои делови на Србија, како и во Хрватска.

Засега нема информации за евентуална штета.

Инаку, земјотресот се случил на 25 километри од Билеќа, а бил почувствуван во главниот град – Сараево, како и во околината, пренесе Кликс.

Граѓаните веднаш реагираа на веб-страницата на ЕМСЦ и опишаа дека тресењето траело кратко, но силно.

„Сараево, убаво се затресе“, „Благо тресење неколку секунди“, „Дубровник, добро се тресеше“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, синоќа земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21 часот и 7 минути на 30 километри северозападно од Никшиќ, а на 75 километри од Подгорица.