СЗО препорача два нови лекови против Kовид-19

Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на два лека – на фармацевтската компанија Ели Лили и на ГлаксоСмитКлајн и Вир бајотехнолоџи – додавајќи нови опции за лекување на пациенти со Ковид-19 поради тоа што варијантата на коронавирус – омикрон многу брзо се шири.

Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој ја избегнува заштитата што ја обезбедуваат многу вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји.

Комисијата вчера го препорача лекот барицитиниб на Ели Лили, кој се продава под брендот Олумиант (Olumiant), за пациенти со тешка форма на Ковид-19 во комбинација со кортикостероиди, додека условно ја поддржува терапијата со антитела GSK-Vir за полесни пациенти со најголем ризик од хоспитализација.

Досега, терапијата со моноклонални антитела GSK-Vir беше единствената што покажа ефикасност против омикрон во лабораториски тестови, додека слични третмани од Eli Lilly and Co и Regeneron Pharmaceuticals понудија помала заштита при ваквите тестови.