СЗО подготвува вакцини, се стравува од појава на колера во Украина

СЗО се подготвува за појава на колера во украинскиот пристанишен град Мариупол, каде се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Ова синоќа го изјави менаџерката на СЗО – Дорит Никан.

„Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење“ – појасни Никан.

СЗО ова го оценува како огромна закана од појава на многу инфекции, вклучително и колера.

Беше нагласено оти се подготвуваат вакцини за колера, постои соработка со невладини организации и партнери, кои можат да дојдат во Мариупол да им дадат поддршка на луѓето.

СЗО за Европа потврди 226 напади на здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти директорот Ханс Клуге. Тој информираше за најмалку 75 жртви во нападите, а 59 лица се здобиле со повреди.

„Овие напади не се оправдани, тие никогаш не се во ред и мора да се истражат“ – додаде Клуге.