Се штанцаат дипломски, магистарски, докторски – одговорност нема!

Во Македонија може недипломиран лекар да има приватна ординација.

Ни се случува незавршен студент на Правен факултет да аплицира за судија или обвинител.

Скопјани со блокиран сообраќај од приватните автопревозници чии газди беснеат со мотори и џипови, чии здруженија се под лупа на финансиската полиција.

Ленин доби други револуционерни инструкции – од тркач за Арсовска сега е главен критичар и автор на хаосот.

Оваа е недела на ново лицемерие од јавни личности и функционери.

Претседателката на Судскиот совет во заговорот против неа ги вклучува новинарите и олигархиските бизнисмени, без притоа да провери и во својот домашен двор.

Стигна и реакција на бизнис луѓето преку социјалните мрежи. Оставката на Црвенковска е директно признание за постоење на организиран криминал во судскиот систем.

Уште едно Фејсбук адвокатско писание на Сузана Јошевска – Академијата за судии не гледа ништо спорно да се полага правосуден испит без завршен факултет. Документот за полагањето мистериозно исчезнал од Министерството за правда по само една година, кога сметки за вода и струја се чуваат со години.

Се друго што ќе допишеме може да важи и за наредната седмица, ако не ја смениме сегашната општествената реалност.