Доцна синоќа околу 23 часот товарен авион Антонов управуван од украинска авиокомпанија се урна во близина на градот Кавала во северна Грција, соопштија локалните власти.
Локалните жители пријавиле дека виделе огнена топка и слушале експлозии два часа по несреќата, јави „Екатимерини“.
– Reports of an Antonov #cargo aircraft carrying weapons for #Ukraine, has crashed in the north of #Greece near the city of #Kavala.pic.twitter.com/dcHYnJ5InM
— Oliver T. Mhuriro (@Oliver_Mhuriro) July 16, 2022
Грчките Управа за цивилна авијација соопшти дека авионот летал од Србија кон Јордан. Оператор на авионот Ан-12, со турбопроп мотор од советско производство, е украинскиот карго превозник „Меридијан“.
Грчките медиуми јавија дека во авионот имало осум лица и оти превезувал 12 тони „опасни материјали“, главно експлозиви. Но, локалните власти рекоа дека немаат конкретни информации за товарот и дадоа различни информации за бројот на луѓе во леталото.
We’re following reports that a Meridian An-12BK has crashed in Greece, west of Kavala. https://t.co/tLDpjIh8g4
The flight was en route from Nis to Amman when it turned back toward land about halfway across the Aegean Sea. #MEM3032 pic.twitter.com/gNYd4eHvI0
— Flightradar24 (@flightradar24) July 16, 2022
Како мерка на претпазливост поради силна миризба што доаѓа од местото на несреќата, координативниот комитет составен од општински, полициски и службеници од противпожарната служба им порача на жителите на двете населени места најблиску до местото на несреќата да ги држат своите прозорци затворени цела ноќ, да не ги напуштаат своите домови и да носат маски. Властите велат дека не знаат дали имало опасни хемикалии во авионот.
Грчката управа за цивилно воздухопловство соопшти дека пилотот успеал да ги извести властите за проблем во еден од моторите на авионот и му бил даден избор да слета на аеродромите во Солун или во Кавала, а тој се одлучил за Кавала, која била поблиску, велејќи дека мора да изврши итно слетување.
Комуникацијата со авионот престанала речиси веднаш потоа. Авионот се урнал на околу 40 километри западно од аеродромот.