Главната фасада на старата зграда на Берзата во Копенхаген, која беше тешко оштетена од пожар, попладнево се урна, соопшти данската спасувачка служба.
„За жал, фасадата долж каналот Федерикхолмс се урна“, објави службата на мрежата Х, наведувајќи дека нема повредени и дека населбата е евакуирана.
Од засега непознати причини пожарот избувнал во вторникот под покривот на зградата околу 7:30 часот по локално време и половина од зградата изгорела.
Зградата во која порано беше старата Берза е познат споменик во Копенхаген. Изградена е во 17 век, а годинава требаше да ја прослави 400-годишнината. Во неа има и голема колекција на уметнички дела, од кои голем број се спасени.
Веднаш штом избувнал пожарот во вторникот, уништена е половина од зградата, на која веднаш се урнал препознатливиот врв со четири искривени опашки од змеј, висок 56 метри.
Зградата ја користела Данската стопанска комора, која се вселила кога од неа излезе Копенхашката берза во 1974 година