Филипче: На првата седница во Собранието ќе предложам решение за специјализантите

Носителот на листа во 4-тата изборна единица и екс министер за здравство, Венко Филипче во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека во новото Собрание, ќе предложи да се регулира статусот на приватните специјализантите, месечниот надоместок, здравственото осигурување и породилното отсуство.

„На една од првите седници во новоформираниот Парламент по изборите јас лично ќе поднесам амандман со кој законски ќе се регулира статусот на приватните специјализантите, месечниот надоместок, здравственото осигурување и породилното отсуство“, вели Филипче. Тој истакна. дека специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари.

Во времето на Венко Филипче како министер, приватните специјализанти за прв пат беа пллатени во висина на просечната плата, а им беше обезбедено и осигурување.