Дмитро Кулеба – шефот на украинската дипломатија на Твитер објави дека имал телефонски разговор со американскиот државен секретар – Ентони Блинкен.
„Во разговорот со секретарот Блинкен ја координиравме понатамошната помош за Украина“ – напиша Кулеба на Твитер.
Тој им се заблагодари на САД што „цврсто застанаа на страната на украинскиот народ“.
Претседателот на САД – Џо Бајден вчера одобри помош во оружје и други одбранбени средства за Украина во вредност од 200 милиони долари
Средствата може да се користат за оружје и други одбранбени средства од резервите на американското Министерство за одбрана, како и за воено образование и обука за помош на Украина.