Како резултат на руската инвазија во Украина, и во Турција со денови има недостиг на масло за јадење.
За да се намали метежот во маркетите ги ограничија граѓаните. Може да купуваат најмногу по 2 литра масло за јадење и им се препорачува на граѓаните да не прават домашни залихи.
Во еден маркет е снимена вистинска тепачка откако стотици граѓани се обидоа да дојдат до пакет или шише зејтин.