Се испитува француска вакцина против Ковид 19 на компанијата „Валнева“
Агенцијата за лекови (ЕМА) започнала да ја тестира новата вакцина против Ковид-19 произведена од француската компанија „Валнева“ – ВЛА2001.
Пред неколку недели ЕУ потпиша договор со компанијата за испорака на вакцината.
„Одлуката да се почне анализа во реално време се заснова на прелиминарни студии кои сугерираат дека вакцината ВЛА2001 покренува одговор на антитела на коронавирусот“ информираат од ЕМА.
Доколку новата вакцина добие одобрение за употреба, компанијата ќе испорача 60 милиони дози во текот на две години.