Се запали авион полн со патници на аеродромот во Токио

Авион на Japan Airlines се запали на пистата на аеродромот Ханеда во Токио.

Како што јавува Би-Би-Си, авионот бил во пламен кога слетал на пистата. Снимките на социјалните мрежи покажаа пламен кој излегува од прозорците на авионот и под него додека пожарникарите го гаснат пожарот.

Запалена е и пистата.

Во авионот имало 367 патници и 12 членови на екипажот и сите се безбедно евакуирани, јавува РТС, повикувајќи се на Ројтерс.