Серафимовски: Навреда е сумата која ја добивме од Министерство за култура за „Професионалец“, ги вратив парите!

Разговорот со режисерот го правеше Марија Димишкова

Премиерно ќе се прикажи во Тетово претставата „Професионалец“ според истоимениот филм на српскиот режисер Душан Ковачевиќ.

Режисерот Саше Серафимовски за иронијата и цинизмот во филмот „Професионалец“ вели ништо не е сменето и денес.

„Цинизмот во тоа време кога се играл е идентичен, само во тоа време бил поискрен. ако се прави паралела на времето нема разлика, текстот е безвременски. Секогаш постоели функционери, агенти земале работа која не им е работа само да се додворат“ вели Серафимовски.

Проектот е реализиран без поддршка од Министерството за култура, Серафимовски сметал дека се понижување, па средствата од Министерството ги вратил.

„Сметам дека се понижување за еден професионалец, сумата сфатив дека можам сам да си ја продуцирам, тоа е навреда и не е првпат. Требаше да се обрне внимание на традиции“ вели тој.

Серафимовски вели „имам дома преку 50 драмски дела во фиока, може да се случи после 10 години. професионалец текстот го имам во глава 6 години“.