Села: Отворен Балкан ризикува да стане тројанскиот коњ на Путин

Зијадин Села – претседателот на опозициската Алијанса за Албанците на социјалните мрежи го искажа својот став за последните случувања во Европа, каде војната во Украина секако е во центарот на вниманието.

„Со Србија која толку отворено политички и економски соработува со рускиот агресор, Отворен Балкан ризикува да стане тројанскиот коњ на Путин, на Западен Балкан. Освен Белорусија, Србија беше единствената европска земја која не ја поддржа резолуцијата што Албанија и САД ја доставија во Советот за безбедност на ОН за запирање на руската агресија врз Украина“ – напиша Села.