Петков најави дека Владата ќе разговара за разрешување на министерот за одбрана – Јанев

Бугарската влада на вонреден состанок ќе се разговара за разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев.

Се очекува оставката на Јанев да биде изгласана на вонредна седница на Националното собрание во вторник. Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредна изјава на Советот на министри

Петков рече дека ниту еден министер нема право на своја политика, особено на Фејсбук, посочувајќи го неговото несогласување со ставот на Јанев да не го користи зборот „војна“ за руските напади врз Украина.

Јанев доцна синоќа преку објава на Фејсбук дека ќе биде сменет од функцијата:

„Не очекувајте да поднесам оставка во оваа геополитичка ситуација, моите обврски како министер за одбрана не го наложуваат тоа. Доколку оставката е само прашање на процедура, сметам на коалициските „партнери“ и на политичката сила што наводно ме поддржувала, да ги придвижат работите по соодветниот ред“.