Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47…
Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.
Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.
Бројот на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.