Сега и Симеон Михаилов тврди дека е невин, сакале да му го земат бизнисот!

Симеон Михаилов, таткото на Ива Михаилова, повторно се огласи од Бугарија, тврдејќи дека случајот против него бил актуелизиран токму во моментот кога во јавноста се отвори прашањето за судскиот процес против Ива Михаилова. Тој тврди дека станува збор за обид да се дефокусира јавноста од, како што вели, недостигот на докази против неговата ќерка.

Михаилов ги оспорува и наводите во пресудата против него тврдејќи дека самиот бил жртва на монтиран процес. Во Македонија тој е правосилно осуден на 12 години и шест месеци затвор во случајот „Детонатор“ и по него е распишана меѓународна потерница.Во обраќањето на бугарски јазик тврди дека бил жртва на монтиран процес, дека истиот бил покренат за да му биде одземен успешен бизнис со казина, дека лажно бил обвинет за перење пари и подметнување бомба и дека за тоа надлежните органи во Македонија немале никакви докази. Вели и дека зад тоа стоел поранешниот прв човек на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Инаку тој е осуден за обид за убиство на телохранителот на Мијалков, Драганчо Стоименов. И Ива Михаилова, која исто така има и бугарско државјанство, тврди дека е невина и дека е неправедно обвинета.

Михаилов беше осуден за обид за убиство, а предметот „Детонатор“ опфаќаше и тешки кривични дела поврзани со насилство и злосторничко здружување. Првично му била изречена доживотна затворска казна, која подоцна во судска постапка била намалена. Македонските власти, пак, побараа од Бугарија да постапи по потерницата за Симеон Михаилов и тој да биде испорачан во Македонија за издржување на затворската казна.