СДСМ: Падот на Орбан е лоша вест за Мицкоски – потврда и од германските медиуми

Од СДСМ оценуваат дека падот на Орбан не е само внатрешнополитичко прашање во Унгарија, туку настан со директни последици за целиот регион, особено за политичари кои, како што наведуваат, биле под негова заштита – меѓу нив и Христијан Мицкоски, како и Александар Вучиќ и Милорад Додик, кои ги опишуваат како дел од „авторитарното братство“.

Според СДСМ германските медиуми со своите анализи за поразот на Виктор Орбан ја потврдуваат тезата на партијата изнесувана изминатите месеци.

Од СДСМ оценуваат дека падот на Орбан не е само внатрешнополитичко прашање во Унгарија, туку настан со директни последици за целиот регион, особено за политичари кои, како што наведуваат, биле под негова заштита – меѓу нив и Христијан Мицкоски, како и Александар Вучиќ и Милорад Додик, кои ги опишуваат како дел од „авторитарното братство“.

СДСМ наведува и став од германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, според кој Орбан изградил мрежа од нелиберални аналитички центри, медиуми и партии, со финансиска и политичка поддршка, чија иднина сега е неизвесна.

СДСМ тврди дека со падот на Орбан се потврдува постоење на мрежа на влијание, финансирање и злоупотреба на медиуми надвор од европските демократски стандарди, како и дека се затвора „чадорот“ над Балканот што го штител ваквиот политички модел.

Од таму додаваат дека ова значи слабеење на, како што велат, антиевропските и автократски влијанија во регионот, што е лоша вест за Мицкоски, а добра за граѓаните и демократијата.

СДСМ заклучува дека со овие процеси доаѓа време за одговорност и правда.