„Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба.
Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори.
Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните.
За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми.
Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија.
Покрај ова, новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план“ се вели во соопштението на СДСМ како реакција на информацијата од ВМРО-ДПМНЕ во врска со поканата за средба Ковачевски – Мицкоски.