Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија

„Тоа што го спомена вицепремиерот за евро интеграции Никола Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека тој однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел“. Вака денеска реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонијо Милошоски.

„Тоа што го спомена Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека Никола Димитров однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел, а откако видел дека нема да биде член на Владата се решил да прозбори што е неморално, но во секој случај ризикот од ваквиот договор не го намалува и затоа треба да бидеме сериозни и внимателни“ – изјави Милошоски.

Според пратеникот со долгогодишен став, „вчерашните изјави дадени од Димитров и јавно изнесената недоверба до неговиот доскорашен колега министерот за надворешни работи Бујар Османи покажува дека и Димитров и Османи се само „лице“ и „опачина“ на една иста паричка која што во Владата претставува „интерес за нејзино опстанување односно личната кариера“.

За евентуалната средба меѓу лидерите на двете најголеми македонски партии,Милошоски смета дека таква покана уште не стигнала до партијата.