СДСМ: Мицкоски не бил поканет и на приемот на Трамп
Од СДСМ тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски не присуствувал на традиционалниот прием организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп, одржан на 22 септември во хотелот „Лоте Њујорк палас“ за шефовите на делегациите на Генералното собрание на ОН.

Оттаму објавија и список на гости што биле поканети – претседателите на Полска, Чешка, Словачка, Бугарија, Романија, Црна Гора, Турција, премиерите на Словенија, Ирска, Норвешка, Исланд и членка на Претседателството на Босна и Херцеговина и шефот на државата Луксембург.
Инаку, премиерот Христијан Мицкоски во петокот имаше обраќање пред Генералното собрание на ОН, каде во говорот се осврна на процесот на евроинтеграциите, велејќи оти се очекува тој да остане процес заснован на заслуги и мерливи критериуми, а не процес во кој билатералните прашања постојано можат да ја поместуваат целта. Притоа Мицкоски рече дека амбицијата „е да станеме сериозна држава, држава на која нејзините сојузници можат да ѝ веруваат“.