Авторот на романот „Синовите на Адам“, писателот Михајло Свидерски (31) во најновото издание на Трилинг вели дека овој роман е вистинска приказна.
„Таа животна приказна ги покажува мрачните вистини на секојдневието, а малку детали ни се познати за нечии судбини. Со овој роман сакав на обичниот човек да му дадам глас, да прозбори како наратор. Јас постојано читам, но инспирацијата го црпам од секојдневието. Во мојот роман главен лик е едно дете кое запаѓа во мрежите на проституцијата. Малиот човек останува во позадината“ вели Свидерски.
Тој вели и дека „писателот многу треба да истражува. Најважно е квалитетното естетстко дело, и писателот треба добро да го владее јазикот, за да му даде на своето дело да му даде богата книжевна и естетска димензија“.