Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви на автобусот кој изгоре во Бугарија

„Идентификувани се сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили“. Ова за бугарска БТА го изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба – Борислав Сарафов.

На 23. ноември рано утрината на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Македонија удри во банкината и се запали.

Јавниот обвинител вели дека дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да бидат предадени на претставници на Владата на Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини.

Владата на Бугарија соопшти дека ќе помогне во транспортот на посмртните останки, ќе обезбедат воен авион.