Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, смета дека поразот на Украина во конфликтот со руската армија можел лесно да се предвиди.
– Тоа беше лесно да се предвиди. Всушност, јас го предвидов – напиша Маск на Икс коментирајќи ја објавата на еден од корисниците на платформата, кој објави фотографија со два написи за конфликтот во Украина.
Првата статија е насловена „Украина победува – и се менува“, додека втората „Украина се лизга во пораз“.
Претходно Маск изјави дека ситуацијата на украинскиот фронт секојдневно се влошува и дека сето тоа можело да се избегне доколку пред една година бил склучен мировен договор.
Извршниот директор на SpaceX и Tesla постојано се залагаше за решавање на конфликтот во Украина преку дипломатски средства, за што беше критикуван во Киев.
Маск изјави и дека доделувањето нов пакет помош за Киев и продолжувањето на конфликтот нема да и помогне на Украина.