Самостојната изложба „Криза“ на Андреј Антевски во КИЦ

Изложбата, која ќе биде поставена до 22 ноември, преку ликовниот израз ги преиспитува современите општествени состојби, транзициските предизвици, институционалното распаѓање и социјалната исцрпеност. Според концептуалната поставка, уметничката пракса тука не се третира само како естетска продукција, туку како општествено сведоштво во кревка средина, која низ уметноста отвора простор за соочување со контрадикциите на времето во кое живееме.

Во изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на слики насловена „Криза“ од ликовниот уметник Андреј Антевски, добитник на наградата „Борко Лазески“ за 2025 година.

Изложбата, која ќе биде поставена до 22 ноември, преку ликовниот израз ги преиспитува современите општествени состојби, транзициските предизвици, институционалното распаѓање и социјалната исцрпеност. Според концептуалната поставка, уметничката пракса тука не се третира само како естетска продукција, туку како општествено сведоштво во кревка средина, која низ уметноста отвора простор за соочување со контрадикциите на времето во кое живееме.

Андреј Антевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје на студиската програма Сликарство со конзервација и реставрација, каде што ги завршил и магистерските студии, а во моментов е студент на втор циклус студии од областа на сликарството.

Добитник е на престижната награда „Борко Лазески“, која традиционално се доделува за најдобрен студент од сликарскиот оддел, а зад себе има и повеќе домашни и меѓународни групни изложби и учества на ликовни колонии.