Сали Бериша повторно избран за лидер на Демократската партија во Албанија

На спроведените избори „Еден член еден глас” од „Комисијата за обнова” во Албанија, за претседател на опозициската Демократска партија повторно е избран Сали Бериша (78).

„Се гласаше на 108 гласачки места на целата територија на земјата. Вкупно гласаа 43.680 демократи при што 40.820 или 93, 45 отсто гласале за Сали Бериша, додека 2.532 или 8, 5 отсто за Ибсен Елези“ изјавија од „Комисијата за обнова“.

Сали Бериша беше партиски лидер до 2013 година кога по поразот на изборите се повлече од функцијата. Во моментов вршител на должноста претседател на партијата е Енкелејд Алибеај.