Во среда ќе се гласа за нов премиер на Словенија!?

Борут Пахор – претседателот на Словенија денеска ќе започне разговори со пратеничките групи за кандидатите за мандатар за состав на новата Влада.

Кандидат од Движењето слобода, најверојатно ќе е лидерот – Роберт Голоб, а Собранието би можело новиот премиер да го изгласа уште во среда.

Парламентот во Словенија може да гласа за премиер 48 часа откако ќе биде номиниран, а најдоцна за 7 дена.

За избор на премиер е потребно мнозинство во Парламентот – гласањето е тајно.

Премиерот има рок од 15 дена да предложи кандидати за министри.