САД се согласија за повлекување на американските трупи од Нигер

САД ја информирале владата на Нигер дека се согласиле со нејзиното барање за повлекување на американските трупи од западноафриканската земја, изјавија тројца неименувани американски претставници за Вашингтон пост.

Висок претставник на Стејт департментот рече дека премиерот на Нигер побарал од Вашингтон да ги повлече трупите од земјата и дека САД се согласиле.

„Се договоривме да започнеме дискусии во рок од неколку дена за тоа како да се развие план за повлекување на војниците“, рече високиот функционер.