„САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска“. Ова го изјави американскиот државен секретар – Ентони Блинкен.
„Доколку Русија ги повлече своите сили и е подготвена за преговори, ние сме подготвени да го сториме истото“ – рече Блинкен.
Тој тврди дека неговата земја е отворена за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и безбедноста „но за дипломатија е потребна деескалација во Украина“.
Блинкен вели дека западните земји ги координираат акциите насочени кон забрзување на испораката на опрема за противвоздушна одбрана, противтенковски системи и друго оружје за Украина.
Тој изјави дека САД документираат случаи на убиства на цивили за време на руската инвазија врз Украина и ќе побараат одговорност за тоа.