Се урнаа борбен авион и воен хеликоптер во Романија – осум загинати

Осуммина загинати е епилогот од одвоените несреќи на романски борбен авион „МиГ 21“ и воен хеликоптер – соопшти романското Министерство за одбрана.

Загинале пилотот на романскиот воен авион и седумчлениот хеликоптерски екипаж испратен да го пронајде во мисија за пребарување и спасување,.

Авионот бил во воздушна патрола кога исчезнал од радарите во источна Романија, меѓу селата Когеалац и Гура Доброгеи.

Пилотот на хеликоптерот бил испратен да го пронајде авионот, но пријавил неповолни временски услови и бил повикан назад во базата, пред и тој да се урне.