Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска одобри испраќање на бомби и воени авиони во Израел во вредност од милијарди долари.
Новиот пакет, според претставници на Пентагон и Стејт департментот, вклучува 25 авиони Ф-35 во вредност од 2,5 милијарди долари и повеќе од 1.800 бомби МК84 од 900 килограми и бомби МК82 500 од 225 килограми, пишува Вашингтон пост.
Најавениот план за голема израелска копнена офанзива на Рафа ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Тел Авив откако американскиот претседател Џозеф Бајден изрази противење на планот, а Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за прекин на огнот до крајот на Рамазан.