(Видео) Петровска: СДСМ ќе освои доволно пратеници за формирање на Влада

„Како држава за надворешни закани сме безбедни, не се детектираат потенцијални опасности, но тоа не е исклучено кога се работи за сајбер нападите. Поддршката на граѓаните за нашето зачленување во НАТО е голема. Не може да се зборува за напредок ако не ви е загарантирана безбедноста. Не постои цена која би била платена за такво нешто“ вели министерката за одбрана Славјанка Петровска во најновото издание на Трилинг.

Таа смета дека „руското влијание е присутно, го гледаме, го чувствуваме. Европа беше потресена од терористичките напади, знаеме што предизвикаа, дали тие би биле основа или причина за да се преземат дејсвија од Русија, сметам дека нема основа за нешто такво, нема конвенцинален тип на баезбедноста на европско тло“.

За хакерскиот напад во МЕПСО, министерката за одбрана вели „системите треба постојано да се надградуваат. Државите имаат обврска да преземаат мерки за градење отпорност. Сериозен предизвик е да создадете систем кој ќе биде доволно ефикасен за да гарантира целосна заштита на информатичките системи.

На прашање зошто целиот процес за набавка на хеликоптери со фирмата Леонардо се отвора пред стартот на изборната кампања, што е спротивно на дел од членови на изборниот законик и зошто Антикорупциска отвора случај, ќе каже: „Постапката сега се завршува, тоа го зборуваат документите, тука нема бегање. До денес во МО нема пристигнато барање со кое бараат документи, материјали или известувања. Јас веднаш го поздравив нивниот интерес да го испитат овој случај. Апсолутно е внимавано, нема колизија со ниту еден закон, ова е набавка која е планирана во годишниот план. Ништо не е менувано преку ноќ. Изминатиот период имавме многу набавки за кои опозицијата се согласи, со гласањето на долгорочниот план за развој кој беше усвоен во Собрание. Опозицијата беше запознаена дека ќе се набавуваат хеликоптери“.

Славјанка Петровска е носител на листа во Изборната единица 6 за претстојните парламентарни избори.

„По прашањето за влез во ЕУ нема разединување со ДУИ, во поглед на коалициите и окрпнување на фронтовите, Ковачевски потпиша коалиција со досегашните партии, а партиите кои ја напуштија коалицијата веројатно доцна разбрале дека не се согласуваат со политиките, на два месеци пред избори, оваа коалиција во која тие беа дел функционираше 7 години. СДСМ во овие 7 години се соочи со сериозни предизвици за враќање во нормала на државата која беше буквално разрушена од претходниот режим. Дали постои простор за подобрување на процесите – апсолутно да, дали ќе бидат подобри – апсолутно да“ вели Петровска.

На прашање дали СДСМ се подготвува за опозиција, вели „Не, ако се спремаме за опозиција нема да излегуваме пред граѓаните со програма. Анкетите се тие што се, ама ситуацијата на терен не е баш таква. Граѓаните се свесни за концептите што партиите ги нудат. Кој концепт е прогресивен, а кој сака да не врати во едни стари времиња“.

„СДСМ ќе освои доволно пратеници за формирање на Влада. Според анкетите ако ВМРО-ДПМНЕ води 3 наспрема 1, тогаш зошто на собирањето потписи за поддршка на претседателските кандидати ДПМНЕ комплетно потфрли“ прашува Петровска.

На прашање дали Ковачевски раскрстува со одредени крила кои се поблиски до Зоран Заев, ќе рече „Не. Поделба во партијата нема, не сум видела“.

Таа рече дека не знае кој следен ќе се најде на американската црна листа – „Таквите информации не се споделуваат со носители на јавни функции во државава. Убедена сум дека има причина зошто таквите одлуки се донесени“.