„Ние сме млада екипа, наша цел е да покажеме подобри игри отколку што игравме до сега, да го продолжиме континуитетот. За мене успех би било да сме европски прваци, да се пошегуваме. Ако успееме да победиме еден од противниците, тоа би било голем успех, затоа што не ставаат во група на аутсајдери“ – вели селекторот на женската ракометна репрезентација Љубомир Савевски пред стартот на ЕП за „групата на смртта“ во која се наоѓа нашата селекција.
Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Скопје, а противници се Франција, Холандија и Романија.
Ова е првичната оценка на селекторот: