Рјабков: Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе е грешка

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Рјабков смета дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици.

„Безбедноста во Шведска и Финска нема да биде зајакната по влезот во НАТО“ – вели Рјабков.

Тој додава дека доколку двете држави станат дел од НАТО, од ситуацијата ќе зависи како Русија ќе ја осигура својата безбедност.

Според Рјабков, влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе доведе до радикална промена на ситуацијата во светот и оти никој не треба да има илузии дека Русија така едноставно ќе го прифати тоа.