Владимир Чихов – амбасадорот на Русија во Европската Унија тврди дека Русија не се подготвува за воена инвазија на Украина, откако Москва го вознемири Западот со масовното распоредување војници на нејзината територија во близина на границата со Украина.
Тој во интервју за германскиот „Ди Велт“ рече дека Русија ги поддржува луѓето кои зборуваат руски и сонародниците кои живеат во други земји, но додаде дека Москва никогаш не кажала дека сака да користи воени средства за тоа.
„Русија не планира напад врз ниту една земја. Ве уверувам дека руските трупи во моментов не се подготвуваат за инвазија на Украина“ – рече Чижов.
Претседател Путин завчера изјави дека Русија нема простор за повлекување во конфликтот со САД околу Украина и дека ќе биде принудена остро да одговори доколку Западот не се откаже од својата „агресивна линија“.