Руската православна црква не го признава потегот на Вартоломеј!

Руската православна црква со негативен став за одлуката на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да ја прими „Охридската црква“ во канонско единство со другите православни цркви.

Русите се сомневаат дека потегот на Вартоломеј е продолжение на неговата одлука да ја признае Укранската Православна Црква, со што направи раскол меѓу верниците во Украина.

Протојереј Игор Јакимчук од одделението за врски со странските цркви на Московската Патријаршија изјави дека РПЦ ги признава само канонските права на Српската Православна Црква во Македонија.

„Оттаму РПЦ ќе го земе в предвид проблемот на српската црква“ – порача Јакимчук.