Русија протерува нови 85 дипломати, од Франција, Шпанија и од Италија како одговор на слични потези на истите земји.
Амбасадорите на Франција, Италија и Шпанија денеска биле повикани на разговор во руското Министерство за надворешни работи, каде и официјално се информирани за одлуките што ги донесе официјална Москва.
Протерани се 34 членови на дипломатскиот персонал од Франција, 27 од Шпанија и 24 од Италија.
Овие три европски земји досега протераа над 300 Руси од почетокот на инвазијата на Украина на 24. февруари годинава.
Минатиот месец Русија протера 45 полски и 40 германски дипломати, а најави одмазднички мерки и против Финска, Романија, Данска, Шведска, Норвешка и Јапонија.