Руското Министерство за одбрана тврди дека одбиле голема украинска офанзива, Киев засега не ги коментирал овие наводи.
Како што објави руското Министерство за одбрана на Телеграма, Украина наводно започнала офанзива со шест механизирани и два тенковски баталјони.
„Утрото на 4 јуни, непријателот започна голема офанзива на пет сектори на фронтот во правец на јужен Доњецк. Непријателот имаше за цел да ги пробие нашите одбранбени линии на, според него, најранливиот дел од линијата на фронтот. Непријателот не ги постигна своите цели, не успеа“ – се вели во соопштението на руското министерство.
Украинскиот Генералштаб не известува за никаква контраофанзива. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди руските наводи, а Украина веднаш не ги коментираше ниту одговори на овие руски тврдења. Руското министерство објави и видео за кое се вели дека наводно покажува неколку украински оклопни возила запалени по ударот.
Руските сили понатаму наведуваат дека Украина загубила 250 војници, како и 16 тенкови, борбени возила и 21 оклопен транспортер, соопшти руското Министерство.
Според објавата на Телеграм, началникот на рускиот воен штаб Валериј Герасимов, командант на руската воена операција во Украина, се наоѓа во зоната нападната од украинските сили.
Герасимов беше на една од истакнатите командни позиции“, соопшти Министерството.
Во неделата Киев повика на „молчење“ пред офанзивата, потсетува Ројтерс.
The Russian Ministry of Defense published a video of the destruction of military equipment of the Armed Forces of Ukraine during the attempted large-scale offensive in the south Donetsk direction. pic.twitter.com/o8qPgSU25g
— Trollstoy (@Trollstoy88) June 5, 2023