РПЦ ја поздрави одлуката на СПЦ за канонско единство со МПЦ

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската православна црква да го обнови канонското единство со Македонската православна црква.

„Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската православна црква – Охридска архиепископија“ – изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов.

Инаку, Соборот на СПЦ денес издаде соопштениe со кое за МПЦ го прифаќа статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.

Во соопштенеито се наведува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок.