Петков до Руте: Иднината на С. Македонија треба да е во европското семејство!

„Иднината на Северна Македонија треба да биде во европското семејство“.

Оваа порака бугарскиот премиер Кирил Петков му ја испратил на холандскиот премиер Марк Руте на прес-конференцијата денеска одржана во Софија. Двајцата премиери разговарале и за ветото од Бугарија за Македонија.

„Сега станува збор за конкретни конструктивни чекори за заеднички да го тргнеме овој пат. Ова не е функција на календар или очекувања, ова е функција на заедничката работа што треба да ја завршиме заедно. Кога ќе го направиме тоа, нашата Влада ќе го донесе прашањето во бугарскиот парламент и се надевам дека во блиска иднина ќе можеме да направиме напредок и да ја направиме европската иднина на С. Македонија реалност“ рекол Петков.

Руте, пак, најавил соработка меѓу Холандија и Бугарија.

„Ние ќе бидеме партнери и навистина сакаме да соработуваме во економијата, ќе имаме трговски мисии во Бугарија, ќе има и соработка меѓу универзитетот“ рекол холандскиот премиер.

Двајцата премиери поразговарале и за војната во Украина.