„Сите почнавме да ги чувствуваме последиците од руско-украинскиот конфликт. Перспективите не се добри, ќе има влошување на економската ситуација во ЕУ, но и во Западен Балкан. Многу луѓе веруваат дека поради кризата во Украина, ЕУ ќе посвети повеќе внимание кон проширување на земјите од Западен Балкан. Не треба да се дава многу надеж околу тоа. Често се стекнува впечаток дека тие полудиктатори како Вучиќ или Ѓукановиќ често му се помили на Западот, одошто некои опозициски сили кои се дифузни, и немаат кредибилитет во Париз, Берлин… Единствен демократски пример за мене е преобразбата во Македонија“ – вели Душан Релјиќ – директор на германскиот Институт за меѓународни и безбедносни работи.
Релјиќ е со став дека „веродостојноста на ЕУ е поткопана, иднината е отворена, да имам многу пари не би се обложил на брз влез на земјите од регионот во ЕУ“.