Реисул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи – првиот човек на Исламската верска заедница во земјава ја упати рамазанската порака по повод Фитр Бајрам.
„Ова е празник на кој ја славиме победата на доброто над злото, воздржувањето над емоциите. Ова е месец на кој помоќниот му подава рака на помалку моќниот и на кој сиромашните се помагаат од побогатите за ниедна куќа и трпеза да не остане празна“ меѓудругото вели риисот во пораката до муслиманските верници.