Регулаторна најавува блок тарифи и за индустријата, Бислимовски ветува дека скопјани ќе имаат парно греење
По терк на домаќинствата, блок тарифи ќе има и за индустријата. Регулаторната Комисаја веќе прави анализи за нов начин на пресметка на потрошената електрична енергија кај малите потрошувачи. Овде влегуваат сите мали и средни компании кои се на регулираниот пазар. Целта е да се ублажи ударот од високите сметки и да се стимулираат фирмите, да штедат.
– Кој ќе потроши помалку, ќе плаќа помали сметки, ијзави Марко Бислимовски, престедател на Регулаторната Комисија за енергетика.
Пред стартот на грејната сезона, очекувањата на Бислимовски се дека граѓаните, но и фирмите, ќе продолжат да штедат, затоа што струја нема доволно. Но домаќинства кои се греат со топлиска енергија – не треба да стравуваат. Иако се уште ЕСМ во целост не го презел управувањето на БЕГ, не се очекуваат проблеми.
Во моментов државната ЕСМ ја има лиценцата за снабдување и дистибуција. За произвoдство на топлинска енергија треба да склучи договор со АДОРА, која лани ги купи топланите Исток и Запад, по цена од 9,26 милиони евра. Компанијата сега ги нуди на ЕСМ по иста цена, плус трошоци за амортизација и користење или пак, да склучи договор за закуп. Што ќе одлучи државата, одговор се очекува до крајот на наредната недела.