Бројот на активни случаи на ковид во земјава изнесува 8.209, што претставува раст од над 1.300 случаи за само едно деноноќие.
Во последните 24 часа од направени 7.472 тестирања регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19, починале две лица, а оздравени се 332 пациенти.
Од Министерството за здравство информираат дека новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје 1028, следат Битола – 148, Прилеп – 112 и Охрид – 61.
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, а на починати е 8.002.
Според надлежните, вакцинацијата против Ковид-19 останува единствен излез од пандемијата.