Борис Џонсон: Антиваксерите целосно грешат, се што ставаат на социјалните мрежи е глупост

Британскиот премиер, Борис Џонсон ги обвини антиваксерите дека зборуваат глупости кога се во прашање вакцините против Ковид-19. Тој смета дека оние кои шират погрешни информации на социјалните мрежи „целосно грешат“ и дека е време да им се сврти вниманието.

„Сакам да им порачам на антиваксерите, на луѓето кои пишуваат глупости на социјалните мрежи – целосно грешите. Досега не сте ме слушнале да го кажам ова, бидејќи мислам дека е важно да имаме доброволен пристап во оваа земја и тоа ќе го одржиме. Антиваксерите целосно грешат, време е владата да им го сврти вниманието на тоа што го прават. Апсолутно е погрешно, контрапродуктивно, се што ставаат на социјалните мрежи е глупост“ – рече тој.

Џонсон додаде дека околу 30 до 40 проценти од 17.000 пациенти во британските болници поради Ковид-19 „не биле вакцинирани со никаква доза“.