Рапиден раст на Ковид 19 во Германија – 30.000 заразени за 24 часа
Германија бележи рапиден раст на Ковид-19 во период од 7 дена, јавува германската агенција ДПА.
Институтот „Роберт Кох“ денеска излезе со информација дека соопшти дека во последните 24 часа биле регистрирани 29.300 новозаболени, а битката со опасниот вирус ја загубиле 73 лица.
Од почетокот на пандемијата во Германија се регистрирани речиси 6 милиони инфицирани, а бројот на позинати како последица од Ковид 19 е над 100.000 луѓе.