„Рамо до рамо“ продолжува на терен: Одлуката за ЕУ треба да е заедничка, добро е што опозицијата не е против уставните измени

„Рамо до рамо“ и  теренските активности на СДСМ денеска продолжуваат во повеќе населени места ширум Македонија. Денешните интензивни теренски активност се со жителите од Чешиново Облешево денеска беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и Митко Трајчулески, претседател на партиската комисија за транспорт и врски.

-СДСМ денеска повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека интересот на земјата за нас е на прво место. Затоа и предложивме обединување околу европскиот концепт, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи во обединета Влада за европска интеграција на паритетна основа. Одлуката за ЕУ треба да е заедничка, затоа и повикуваме на обединување околу стратешкиот правец на земјата, за обезбедување европска иднина и исполнување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ. Добро е што се направи чекор во однос на дијалог со опозицијата и тоа што гледаме дека има промени во нивниот став, не се против уставните измени само споменуваат некакви услови. Дијалогот треба да продолжи и на крајот сите заедно да изградиме заеднички став, земјата да го продолжи патот кон полноправно членство на ЕУ. Изборот пред секој политички субјект е интеграција во ЕУ или изолација. Нема веќе изговори, време е за одговорност од сите чинители за иднината на земјата, рече Зечевиќ.

Не смееме да ја блокираме европската иднината на идните македонски генерации, затоа што гласот за Европа е глас за вградување на македонскиот идентитет во европскиот, додаде Зечевиќ.

-Гласот за Европа е глас за Европска заедница во која македонскиот јазик и идентитет се признаени, рамноправни, рамо до рамо со големите европски народи, заедница во која македонскиот идентитет и јазик ќе го збогатат европскиот идентитет и култура, додаде Зечевиќ.

Претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, зборуваше за инвестициите на СДСМ во модерна патна мрежа, како еден од основните услови за развој