Еди Рама – премиерот на Албанија синоќа на Универзитетот „Џорџтаун“ во Вашингтон пред студентите зборуваше и за своето семејство.
„Би сакал да го пренесам примерот на моето семејство. Јас сум католик, мојата сопруга муслиманка, нашите две повозрасни деца, од првите бракови, се православни. Ние имаме едно малечко детенце, што може да се реши да стане евреин, нему му останува да ја донесе одлуката. Го споменувам овој пример, бидејќи ова е наследството што го има Албанија“ – рече Рама.
Тој го спомнал примерот на албанските граѓани кои за време на Втората светска војна не дозволиле ниту еден нивен сограѓанин Евреин да биде однесен во злогласните логори, па до последниот пример на прифаќањето на Авганистанците, кои како што рекол може да останат колку што ќе посакаат „доколку сакаат и засекогаш“.