Албанскиот премиер, Еди Рама на Фејсбук му одговори на граѓанин кој протестираше против присуството на српски знамиња на булеварот „Народни херои“ во Тирана во рамки на посетата на претседателот Александар Вучиќ на земјата. Тој на Рама му напиша дека во Тирана е подигнато „знамето на злосторства, масакри и силувања“.
Следуваше одговор од Рама:
„Вистината е дека денот кога го посетив Белград, главниот град на Србија, беше полн со албански знамиња, а хулиганите кои запалија знаме беа уапсени од полицијата; вистината е дека во Белград зборував албански и ги бранев интересите на сите Албанци и секако на Албанија; вистината е дека во Белград на албански побарав признавање на Косово од Србија, токму во претседателската палата на Србија и тогаш ме направивте херој, но јас не бев херој тогаш и не сум предавник сега, бев едноставно премиерот на Албанија. Вистина е дека вистината доцни, но не заборава и утре ќе размислуваш како мене денес, додека срамот ќе го носат оние што го имаат, а не јас и мојата влада, што имаме поддршка од Албанците да работиме, развиваме и трпиме дури и кал што врз нас го фрлаат старите лопати на албанската политика“ напиша Рама на социјалната мрежа.